Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Лога: Да имаме затвори кои ги задоволуваат европските стандарди, да го следиме примерот на БиХ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерот за правда Кренар Лога за време на работната посета на БиХ го посети најсовремениот затвор на Балканот во сараевската населба Илиџа, кој е изграден според највисоките европски стандарди. Со изградбата на оваа установа се намали пребукираноста во затворите. Европската Унија за него издвои над 11 милиони евра финансиски средства. Има капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор. Располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има и посебна просторија за молитви и практикување на релегија.

— реклама —


— реклама —

„Со цел да се преземат конкретни мерки и активности за подобрување на состојбата во казнено поправните установи во нашата држава, министерот за правда Кренар Лога оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа, Томаш Бочек и Арно де Вердиер, кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа.


— реклама —

Министерот Лога беше информиран за Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа. Од страна на претставниците на Банката беше побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на оштетувањата и штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ Идризово“, информираат од Министерството за правда.

— реклама —

Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, третманот и постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор .

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања