Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Лога: ЕУ и Западен Балкан остануваат посветени во борбата против организиран криминал и корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

На денешната прес конференција, министерот Кренар Лога, министерката за правда на Шпанија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Комесарот Дидиер Рејндерс изјавија дека ЕУ и Западен Балкан ги потврдија своите заложби и посветеност за постигнување напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата вклучително и преку спроведување на реформите во насока на зајакнување и унапредување на незавиноста, ефикасноста и одговорноста на правосудниот систем како предуслов за стабилно демократско општество.

— реклама —


— реклама —

Владеењето на правото е поставено високо на агендата на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.


— реклама —

— реклама —

„Фокусот ќе биде ставен на имплементација на препораките од Проектот за регионален мониторинг на судења на ОБСЕ и решавање на прашањата од клучните области како што е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Важноста за подобрување на ефективното процесуирање на високите случаи на организиран криминал и корупција е во насока на зајакнување на довербата на граѓаните во системот и владеењето на правото.


Изразија заедничка поддршка за заштита на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и нејзиното право на самоодбрана од руската агресивна војна. Да го вратиме мирот преку соработка, солидарност и почитување на човековите права и владеењето на правото. Најважни се нашата безбедност и просперитет кои се тесно поврзани и не можат да опстојат доколку истите не се во меѓусебна корелација“, се наведува во соопштението на Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања