Локален совет за превенција на општина Чаир: Засилени мерки за справување со Ковид 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
102953739_550275498972650_5958810594291897253_n

Вчера во општина Чаир претставници на МВР  присуствуваа на седница на Локалниот совет за превенција на тема  „Потреба за почитување  на  мерките  на Министерство  за здравство  и комисијата за заразни болести на граѓани на подрачје на општина Чаир“, а со цел подигање на свеста на граѓаните.

— реклама —

На седницата беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои зајакнување на соработката на општина Чаир  со Кризниот штаб  и Министерството за внатрешни работи- Полициската станица од општа надлежност  Бит пазар. Исто така, членовите на Локалниот совет за превенција на општина Чаир побараа  од  Министерството за внатрешни работи преземање на засилени превентивните мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата кои не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.

СВР Скопје периодов одржува кординативни средби со претставници  на стопанските субјекти како што се сопственици на угостителски објекти ,одговорни лица на зелените пазари претставници од обложувалници ,маркети ,банки преземајќи превентивни мерки со укажување на потребата за придржување на мерките и протоколите донесени од Владата.   Министерството за внатрешни работи  известува  дека активностите ќе продолжат се додека е во важност Одлуката на Владата на Република Северна Македонија   со  цел подигање на јавната  свест.

— реклама —

 

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања