Пожарот кој утринава избувна во просториите на поранешна Комерцијална банка е локализиран. Нема повредени, а според првичните проценки оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.
Во гаснење на пожарот интервенирале 24 пожарникари со девет противпожарни возила.
Причина за пожарот, според првичните проценки е електрична инсталација.