Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Локализирани 10 пожари во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kumanovo-pozar-grom

ЦУК информира дека во изминатите 24 часа има 10 локализирани пожари во државата, и тоа:

- с.Смесница, oд 12:05 до 18:45 часот, интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила.Зафатена сува трева и мешана шума.Зафатена е површина од 10 ха.

— реклама —

- с. Г. Оризари, о. Ч. Сандево од 21:10 до 22:20 часот Интервенирано е со 1 пп возило и 3 пожарникари. Запалена сува трева и ѓубре.

- Градска депонија во Крушево. Во период од 08:00 до 10:00 часот интервенирале 2 пожарникари со 1 ПП возило.

— реклама —

- Шумски пожар помеѓу Богомила и Гостиражни кај големиот тунел. Во период од 15:03 до 20:00 часот, интервенирале ЈП Македонски шуми подружница Бабуна од Велес. Опожарена била површина од 3 хектари со ретка дабова шума, трње и трева.

- Пожар на ниска вегетација и багрем во с.Требош спрема с.Џепчиште. Во период од 17:30 до 19:20 часот интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.

- Пожар на запалено стрниште покрај автопатот Гостивар-Тетово до Рио-Компани. Во период од 18:32 до 19:25 часот, интервенирале 4 пожарникари со 1 ПП возило.

— реклама —

- Пожар на запалена печка и кровна конструкција на објект во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ (Технолошко индустриска развојна зона – Штип). Во период од 10:10 до 11:15 часот интервенирале 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди.

- Пожар на запоалено ѓубриште ка Туш Маркет во Куманово. Во период од 20:00 до 20:45 часот, интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило.

— реклама —

-Пожар на ниска ниска вегетација на автопатот Куманово - Скопје во близина на наплатна путарина во с.Романовце. Во период од 20:48 до 22:30 часот, интервенирале 2 пожарникари со 1 ПП возило

- Пожар на борова шума на површина од 10 декари во с.Радибуш, општина Ранковце. Во период од 07:20 до 11:45 часо,т интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило, 7 лица од ЈП Македонски шуми од Крива Паланка со 1 теренско возило и 2 лица од месното население.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања