Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Локвенец: Со Законот за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбдносниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Преку конструктивен пристап, во соработка со опозицијата и следејќи ги насоките на нашите меѓународни партнери, дојдовме до квалитетно законско решение, коe од една страна значи гаранција на човековите права и приватноста, а од друга страна креираме предуслов за силен механизам за ефикасна борба против организираниот криминал, тероризам и закани во глобални размени по безбедноста и сигурноста на сите граѓани, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Со ова законско решение се оневозможува злоупотребата на овој прилично чувствителен безбедносен систем и на мое огромно задоволство добиваме силна и ефикасна контрола врз безбедносните структури.

— реклама —

По донесувањето на Законот за следење на комуникациите и Законот за оперативно –техничката агенција, и со донесувањето на овој Закон за агенција за национална безбедност ги заокружуваме реформите во безбедносниот сектор кои што со години меѓународната заедница ни ги препорачува и се еден од условите на нашиот евро-атлански пат.

— реклама —

За мене, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност од исклучително значење е што целиот пакет на безбедносни закони ги носевме во соработка со опозицијата, тоа значи дека овие решенија се заеднички и довербата кон нив е неминовна.

— реклама —

Ништо повеќе нема да биде како порано, Вашата и безбедноста на државата се гарантирани, но исто така гарантирана е и Вашата приватност и Вашите човекови права, изјави Хари Локвенец, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања