Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lokvenec

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ самата призна дека има неплатен долг од огромни 8 милиони евра, направен во изминатите години. Признанието на висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ дека овој долг главно е направен за изборни цели, отвора сериозни сомнежи за незаконско работење, истакна Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

— реклама —

Ако тоа е точно тогаш се прекршени бројни законски прописи.Впрочем не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да должи пари за избори. Јавноста се сеќава како ВМРО-ДПМНЕ и Груевски затвораа сметки за изборни кампањи со дупки од милиони евра, без никој да понесе одговорност.

— реклама —

Како што ја задолжуваа партијата, стечајниот управник Мицкоски, диригиран од осудениот криминалец Груевски, 11 години ја задолжуваа државата и ги крадеа граѓаните.

За време на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бруто надворешниот долг на државава тројно се зголеми за период од 2006 година до првиот квартал од 2017 година.

Замислете, ако својата партија ја задолжиле 8 милиони евра, што би се случило кога извршителот Мицкоски и бегалецот Груевски, повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Затоа граѓаните тоа нема да го дозволат. На 12 април граѓаните нема да дозволат извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски повторно да ја задолжуваат и ограбуваат државата.

На 12 април граѓаните јасно ќе порачаат: режим и криминал никогаш повеќе, истакна Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања