Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат“, вели Филипче од Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Гостивар оцени дека кризата со водата се менаџира лошо и дека, според него, надлежните институции не обезбедуваат јасни одговори за состојбата и мерките што се преземаат.

— реклама —

Филипче побара одговори кој во моментов ја координира кризата, особено, како што рече, во услови кога нема директор на јавното претпријатие, и постави прашања за контролата на водата што се користи во угостителските објекти и на јавните собири.

— реклама —

„Зошто не се испитувала водата секој ден? Кој сега ја менаџира состојбата? Со каква вода се мијат чиниите и приборот во рестораните? Од каде се обезбедува техничката вода и кој потврдил дека таа е безбедна за употреба?“, праша Филипче.

Тој предупреди дека, доколку не се користи безбедна вода, постои ризик од дополнителни здравствени последици, вклучително и труење со храна и појава на заразни заболувања.

— реклама —

Според Филипче, институциите мора да дадат јасни одговори за начинот на кој се управува со кризата и за мерките што се преземаат за заштита на здравјето на граѓаните.

— реклама —

Воедно, тој ја критикуваше Владата, оценувајќи дека не успева соодветно да се справи со кризата и дека, според него, граѓаните се оставени сами да се соочуваат со последиците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 1 ден

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања