Ловечката Федерација на Македонија Ве информираме дека според Законот за Ловство ловната сезона за лов на дива свиња е до 31-ви јануари,што значи дека ловната сезона е завршена,а за нејзино продолжување надлежно е Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство,кое до сега нема донесено такво решение.
Исто така, нема решение со кое за отстрелана дива свиња ќе се исплаќа по 3000 денари. Официјалниот став на Ловечката Федерација на Македонија е да нема продолжување на ловната сезона после 31-ви јануари, бидејќи според ловечката етика и морал, не можеме да дозволиме да се отстрелуваат бремени диви свињи и да се вознемирува останатиот дивеч во репродуктивен период.
Со почит,
Ловечка Федерација на Македонија