Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Две лица од селото Бистренци, Демиркаписко, биле лишени од слобода поради сомнение за незаконит лов, откако полицијата при претреси во нивните домови пронашла ловечко оружје, предмети за лов и месо од диви животни.

— реклама —

Како што соопшти МВР, на 12 ноември во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода М. М. (66) и Т. М. (76). Претходно, од ловечкото друштво „Вардар“ од Неготино било пријавено дека на 10 ноември, на ловиштето „Корешница“ во Бистренци, биле забележани две лица кои поставувале недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во период кога ловот е забранет.

— реклама —
— реклама —

По судска наредба од Основниот суд во Кавадарци биле извршени претреси во домовите на двете лица. Во домот на М. М. биле пронајдени и одземени предмети за лов, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни. Во домот на Т. М. биле пронајдени пушка, предмети за лов и дозвола за оружје со измината важност.

— реклама —

Двајцата биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 27 минути

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 27 минути

media-libraryc8de35nm46466F8a66x

Пет малолетници нападнале момче пред училиште во Рашче, му нанеле тешки телесни повреди

Македонија | пред 27 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања