Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ловенец: Мицкоски е лажен патриот, дома зборува дека е против Договорот со Бугарија, а вчера пред Борисов кажа дека го поддржува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Јавноста вчера го виде лажното лице на Христиjан Мицкоски, неговото лицемерие и лажен патриотизам.  Едно зборува пред граѓаните друго зборува надвор од државата. На средбата со премиерот на соседна Бугарија, Бојко Борисов, Мицкоски рече дека го поддржува Договорот за добрососедство и пријателство. Две години Мицкоски зборува дека е против Договорот со Бугарија, за вчера за само две минути да каже дека го поддржува Договорот, истакна Хари Ловенец, пратеник на СДСМ.

Кога лаже Мицкоски?

— реклама —

Кога на прес конференции од белиот дворец и на средби со граѓани низ државата велеше дека Договорот е штетен и капитулантски?

Или вчера излажа Мицкоски, во Загреб кога кажа дека тој и ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат Договорот за добрососедство и тоа на бугарски јазик. Кому сега ќе му се извини Мицкоски за неговите лажги со опашки?

На граѓаните или на бугарскиот премиер Борисов?

— реклама —

Овој скандалозен однос на Мицкоски е нечесен кон граѓаните, нечесен кон државата и нејзините национални интереси!

Се потврди, Мицкоски нема став. Едно зборува пред домашната јавност, а сосема друго пред странските политички претставници. Тоа е истата матрица на Никола Груевски.

— реклама —

Мицкоски не може да понуди ништо освен лажен патриотизам, лицемерие и одбрана на криминалот. Затоа граѓаните ќе го казнат таквиот нечесен однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не сакаат лицемерни и политичари кои немаат став, кои едно зборуваат дома, друго надвор.

На 12 април доаѓа  поразот на лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски, истакна Ловенец.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања