Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ловочувари заработија кривична, еве зошто...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lovecka-puska

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 14.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ - Куманово, ловочувари ги затекнале Ж.А. од Скопје, Т.Т. и Т.В., двајцата од Куманово, во незаконски лов и им ги одзеле ловните пушки и ги предале на првопријавениoт, вработен во Ловечкотот друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба. Притоа, првопријавениот на трите лица им посочил дека на жиро сметка на наведеното ловно друштво треба да уплатат вкупно 10.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. После тоа, откако ја уплатиле сумата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил одземените пушки. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на своите работни задачи, односно контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил истиот да прибави противправна имотна корист од 10.000 денари за наведеното ловно друштво. Со ова, пријавените нанеле штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања