„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ЛП: Да се донесат измени во Законот за градење со кои Скопје ќе може да се шири само во ново-проектирани Општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
LP-simbol

„По најавата на Министерството за транспорт и врски дека се подготвува нов Закон за градење, бараме новото законско решение да дозволува мораториум за градба во постоечките Општини на градот Скопје (поради пренаселеност, сообраќаен колапс, кој влијае на здравјето и квалитетот на животот на граѓаните). Да се донесат измени со кои градот Скопје единствено ќе може да се шири во ново-проектирани Општини (нови населби, нови станбени објекти) на запад, север и исток.

— реклама —

Апелираме градоначалниците на општините да не бараат алиби во пристапот дека од продажба на земјиште и комуналии се полнел буџетот; од што ќе се полнат буџетите кога ќе се бетонираат последните зелени површини? Водењето општина подразбира грижа за потребите на граѓаните, и унапредување на квалитетот на животот, а не одлуки во интерес на градежната мафија.

Исто така бараме Законот да ја регулира областа на градежништвото по примерот на Република Србија, која прва во регионот почна на системски начин да го решава проблемот на пласирање „валкани пари“  во овој сектор, како еден од потенцијално ризичните за перење пари“, велат од ЛП.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања