Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

„Лучија од Ламермур” вечерва на Мајски оперски вечери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rsz_lucija

Психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур” од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа, ќе се одржи вечерва во рамки на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет.

— реклама —

Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи во улогата на Енрико, додека во улогата на Едгардо ќе настапи Ифрим Космин од Романија, кој со својот полн и обоен тенорски глас бележи настапи на многубројни престижни оперски сцени и театри низ светот.

Во улогата на Рајмондо ќе настапи гостинот од Србија Иван Томашев, солист на Националната опера во Белград, а во улогата на Артуро, Марјан Николовски. Марика Поповиќ и Јане Дунимаглоски ќе ги видиме во улогите на Ализа и Нормано.

— реклама —

Диригент е гостинот од Бугарија Најден Тодоров, се наведува во соопштението од Националната опера и балет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања