„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници, Владата нема стратегија да се справи со кризата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryfarkcl58rjfo2d7Jqin

Сања Лукаревска (СДСМ) во „Топ тема“ предупреди на сериозен ценовен шок и раст на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата за доцнење и импровизација во мерките. Таа наведе големи поскапувања на основни производи и побара замрзнување на цените и укинување ДДВ. Лукаревска оцени дека мерките се недоволни, ненавремени и без стратегија, особено пред празниците. Посочи дека СДСМ има три законски предлози во Собранието: намалување ДДВ, акцизи и патарини, за директно намалување на трошоците.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема“ предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза.

„Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно покачување на цените. Имаме зголемување на лебот од 34 на 47,5 денари, зејтинот од 77,5 на 110 денари, јајцата од 220 на 290 денари, лимонот од 99 на 155 денари, а зелката од 19 на 55 денари. Зошто не се замрзнат цените и не се укине ДДВ-то?“, потенцираше Лукаревска.

— реклама —

Таа нагласи дека наместо да се најдат соодветни решенија и стратегии, има само импровизација.

— реклама —

„Значи, не се менаџира тој процес соодветно и затоа сега имаме енормно зголемување на цените, особено во пресрет на велигденските празници“, појасни Лукаревска.

— реклама —

Во однос на мерките, Лукаревска истакна дека Владата реагира задоцнето и без јасна стратегија.

„Дали се доволни тие мерки? Не. Дали се навремени? Не. Дали даваат одредена предвидливост? Не. Мислам дека се сеќава и јавноста и граѓаните дека СДСМ предложи неколку антикризни мерки кои сега се на дневен ред во Собранието. Значи, имаме три закони кои се на седница во Собранието во среда“, посочи Лукаревска.

Станува збор за законски решенија за намалување на ДДВ, намалување на акцизите и намалување на патарините, мерки кои директно ќе влијаат врз намалување на трошоците на граѓаните и компаниите.

„Овие мерки на СДСМ, максимално коректно таргетирани, особено во делот на основните прехранбени производи, ќе ја покажат својата ефективност ако владејачкото мнозинство во вакво тешко време да покаже желба“, рече Лукаревска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања