„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Лулјета Ајрулаи: Борбата против криминалот и корупцијата на сите нивоа на системот мора да биде бескомпромисна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ljujeta

Интервју со Лулјета Ајрулаи, кандидат за листа на пратеници од „Македонски концепт“ за ИЕ 5.

— реклама —

Лулјета е дипломиран социјален работник на институтот за социјална работа и социјална политика при УКИМ – Скопје, со над 12 годишно работно искуство во сферата на социјалната заштита. За време на професионалната кариера има учествувано во многубројни активности и проекти од областа на социјалната работа и социјалната политика. Во моментот активно работи на својот магистерски труд на Институтот за социологија при Филозофски факултет во Скопје кој очекува да го заврши набрзо.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

— реклама —

Лулјета Ајрулаи: Во Македонски концепт препознав политичка платформа која има реална идеја и визија за промени и подобрување на целокупната состојба во Македонија која е во моментов очајна, за да прерасне во современа европска држава. Кон остварување на оваа цел од клучно значење и структурата на Македонски концепт, која се состои од нови лица, знаења, искуства и идеи, лица со морални вредности и докажани професионалци во својата област.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Лулјета Ајрулаи: Не. Имав, би рекла скромен, политички ангажман во Демократската партија на Албанците пред околу 10 години, кога беше жив г-динот Арбен Џафери, за кого имам голема почит, пред сѐ како врвен албански интелектуалец.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Лулјета Ајрулаи: Вистински луѓе на вистински места, што подразбира стручни и компетентни лица на клучни државни позиции. Економски развој, развој на граѓанска свест, независно судство, независни медиуми, функционална правна држава, одговорна власт.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Лулјета Ајрулаи: Пред сѐ, борбата против криминалот и корупцијата на сите нивоа на системот мора да биде бескомпромисна. Законите навистина да важат за сите и сите да имаат еднаков третман пред законот. Отсекогаш сум сметала дека основен проблем во ова држава е сиромаштијата со која се соочуваат голем број на граѓани, а која произлегува токму од неправедниот однос при вработување, каде не се цени образованието, стручноста  и  квалитетот, туку само партиската книшка и „врските“. Тој пристап е погубен, и се одрази да голем број граѓани без оглед на нивната етничка и религиска припадност. Се одрази и на младите лица, кои иако се образовани, интелигентни и иновативни, сепак иднината ја гледаат во намерата да се иселат од државата поради немање на локална перспектива. Овие состојби мора да се променат!

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Лулјета Ајрулаи: е всушност основната цел на овој концепт, просперитетна, интегрирана држава на внатрешен и меѓународен план. Држава каде сите граѓани ќе живеат во благосостојба, фер општество во кое шанса ќе има за секого и каде ќе царуваат правото и безбедноста. Да изградиме нормална демократска држава!

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Лулјета Ајрулаи: Со посветеност, ангажираност, принципиелност, знаење, професионалност, чесност, одговорност и доследност кон секоја иницијатива, проект, стратегија…

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Лулјета Ајрулаи: Една од основните заложби доколку станам дел од Законодавниот дом, ќе ми биде патните трошоци на пратениците да се намалат до нивото на висина на повратен автобуски билет од местото на патување. Ова не е популизам, туку искрена лична заложба! Исто така, ќе се залагам за иницирање промени во законот во контекст на моментот кога ќе се самораспушти Собранието, да се престане и со исплатата на приходите на пратениците. За воспоставување на правна држава и владеење на правото во вистинска смисла на зборот! За ефикасен социјален систем и за еднакви можности за сите! За пристапност на граѓаните до народните избраници!

Еднаш и засекогаш, да се прекине со нечесните игри и манипулации со кои политичките партии ги добиваат гласовите на избори, а потоа стануваат недостапни за проблемите на граѓаните. За отчетност и одговорност на високите државни функционери. За слобода на мислата и говорот! Замислете само колку луѓе денес се плашат јавно да искажат свое мислење или став поради негативните последици по нив кои ќе следат од страна на политичките моќници. Затоа, мора да ги ослободиме граѓаните од стравот и да ги санкционираме оние кои ги повредуваат слободите и правата на граѓаните.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Лулјета Ајрулаи: Затоа што преку проекти поефикасно се доаѓа до практична реализација на зацртаните цели како и спроведување и имплементација на потребните реформи.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Лулјета Ајрулаи: Доколку Македонски концепт стане дел од власта, тогаш гледам убава иднина и перспектива за Македонија. Висок напредок во преговорите со Европската унија, економски развиена, почитувана држава со задоволни граѓани од институциите на системот.

фото: Македонски концепет

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања