„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Маалски игри, аниматори, воздушни замоци, Young Dadi и многу други активности во недела на „Авионче“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
1-1

Настанот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“ ќе им понуди на граѓаните целодневна бесплатна забава за децата и родителите со многу активности за игра и забава

— реклама —

Во недела (16 јуни) од 12:00 до 20:00 часот - паркот „Авионче“ во Ново Лисиче - Општина Аеродром ќе биде претворен во голем забавен парк каде децата ќе можат да си играат, да се натпреваруваат, да другаруваат и да забавуваат на настанот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“.

— реклама —

Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

— реклама —

Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.

Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна, плочка. Како дополнителни активности децата ќе имаат можност да се анимираат во еден од 6 воздушни замоци.

Покрај овие активности ќе ни гостува и настанот „FAMILY DAY“ кој ќе овозможи одлична дружба, забавни активности, подароци и изненадувања. На сцената ќе настапат ди-џеј ѕвездата во подем Dj Freeky, оригиналниот и забавен аниматор Ѓурчиновски и најголемата тинејџерска музичка атракција Young Dadi.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром, учеството во сите активности е бесплатно и не е потребно претходно пријавување, деталната програма и распоред на активности може да ја најдете на социјалните медиуми www.facebook.com/maalskiigribezgranici или www.instagram.com/maalski_igri_bezgranici/ .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања