Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мафијата има заштитник во врвот на МВР, дел од криминалните кланови не се на листата "Безбеден град", вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-4

Оливер Спасовски и МВР под негова команда се заштитници на криминалот, затоа се случуваат и убиства кои остануваат нерасчистени, затоа се краде оружје од полициски депоа, затоа се дава оружје на безбедносно ризични лица, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Мафијата има заштитник во врвот на МВР.

— реклама —

Цела недела Спасовски молчи зошто на списокот "Безбеден град" од 49 лица, 47 се припадници на криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, но на списокот нема ниту еден член на криминалната група Беланоца, Кондово, Барон, ниту еден од повратниците од Сирија и Ирак и други лице од безбедносен интерес.

Дали на списокот "Безбеден град" намерно се врши селекција кои криминални групи ќе бидат опфатени, а кои не? Дали одредени криминални групи се штитат од Спасовски? И дали борбата со криминалот е опструирана од МВР? Дали списокот е составен од Музафер Каришиќ, човек од доверба на Оливер Спасовски?

— реклама —

Дополнително дури и за лицата опфатени на оваа листа постои сомнение дека се привелигирани од Спасовски и МВР.

— реклама —

Спасовски должи одговори и како е можно МВР по скратена постапка да дава дозволи за оружје на лица од овој список? И дали е дадено дозвола за оружје на човек во првите пет од оваа лист“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања