Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Охрид
1L3A9324

Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.

Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше ритамот на препознатливите звуци на тангото но и ги награди уметниците со долги аплаузи и стоечки овации.

— реклама —

Русанда, свирејќи на ретка виолина од 1610 година, донесе фузија на класична, филмска и фолклорна музика, воодушевувајќи ја публиката со својот проект Панфили и пријателите.

— реклама —

Русанда Панфили од Молдавија е светски позната виолинистка, композиторка и аранжерка со исклучителен музички талент. Таа исполнува различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк спектар на музика за филмови од легендарните композитори, како Мориконе, Вилијамс, Зимер и Депла.

ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт е основан во 2022 година во Скопје и е кофинансиран од проектот ФАМЕ`C, ЕУ (Креативна Европа) и Министерството за култура на РСМ.

Програмата на Институтот е дизајнирана да ги подобри уметничките и индивидуалните вештини на младите талентирани класични музичари од Европа со отворање нови иновативни перспективи во обуката, професионализацијата и можностите за изведба преку иновативна оркестарска музичка програма.

Програмата става акцент на разновиден музички репертоар, овозможувајќи им на студентите да истражуваат широк спектар на жанрови: класична, филмска и музика од видеоигри, џез, модерна, современа и традиционална оркестарска музика. Целта е да се прошират нивните хоризонти и да им се овозможи осознавање нови вештини и музички стилови, надминувајќи ги традиционалните образовни практики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd3seqe2e9uemapyUr8Y

Уште еден ден до спектаклот: Јован Јованов и Елвир Мекиќ подготвени за концертот во „Борис Трајковски“

Магазин | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryer47ujgpoksf7SDh2YF

Вонредна интервенција во Белградската арена: на Весна Змијанац ѝ се слошило пред почетокот на концертот

Магазин | пред 3 седмици

Kontsert-Marija-Kaeva

Дојава за бомба на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит – клубот евакуиран, полицијата трага по сторителот

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryv6ckb357v0a531hOCyU

(Видео) Фан на Теа Таировиќ направи колут напред и назад, проба да стои на раце – публиката во Скопје во делириум

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања