Од 06:30 часот, на патниот правец Ново Село - г. п. Ново Село е укината забраната за тешки моторни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во Маврово и на Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.