Маја Морачанин е кандидат за претседател на ДОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

Кадровата комисија на ДОМ ја поддржа дoктор Маја Морачанин за кандидат за претседател на партијата, како предлог од општински организации, МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор.

— реклама —

Како што информираат од партијата, предлогот ќе оди на конечно утврдување пред Централниот одбор, последен пред Конгресот закажан за 28. месецов.

— реклама —

„Морачанин има дваесет годишно работно искуство во приватниот здравствен сектор. Како специјалист физијатар, води сопствена ординација за физикална медицина и рехабилитација. Морачанин е пратеничка од зелената партија ДОМ во изминатите две години. Во ДОМ е од самиот почеток, каде со голем ентузијазам и искрена посветеност помина повеќе скалила – од активистка и потпретседателка на општинската организација во Карпош, преку потпретседателка и претседателка на Форумот на жени, се до портпарол и член на Извршниот одбор на партијата“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Морачанин учествувала и на голем број домашни и меѓународни обуки и конференции од областа на демократијата, човековите права, родовата еднаквост и заштитата на животната средина. Таа е активна и на меѓународен план во семејството на Европските Зелени, каде е и делегат, заедно со досегашната претседателка, Лилјана Поповска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања