„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Маја Морачанин e кандидат за претседател на ДОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Maja-pres-23.02.2017-konecna-1

— реклама —

— реклама —

На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ, Маја Морачанин беше едногласно утврдена како кандидат за претседателка на партијата на претстојниот Четврти конгрес на ДОМ.

„Општо беше мислењето дека таа е природен избор, со оглед на нејзините квалитети како човек и успешен професионалец, како и поради политичкото искуство и фактот дека во партијата работи искрено, посветено и одговорно, од самиот почеток до денес. Искажано беше и задоволството од демократскиот процес на избор на ново раководство, во тимски дух и пријателство на соборци за исти вредности, што го одликува ДОМ како зелена партија“, велат од ДОМ.

Централниот одбор ги усвои и извештајот, програмата и другите конгресни документи, како и предлозите за идни членови на новиот централен и надзорен одбор на ДОМ.

Четвртиот конгрес на ДОМ ќе се одржи на 28 октомври. За свечениот дел е најавено присуство на претставници од политички партии во Република Македонија, од зелени партии од регионот и од Европа, како и од поголем број граѓански организации и движења.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања