Мајка на починат 25-годишен скопјанец бара правда: „Ако нема правда, јас ќе пресудам“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
alen

Слаѓа Хаџибулиќ, мајка на 25-годишниот Ален Чириковиќ, кој починал по 12 дена поминати во кома, јавно апелира за правда и обвинува дека институциите молчат.

— реклама —

„Кажете кој е тој што го усмрти мојот син единец, Ален Чириковиќ. Никој не пишува, ниту се обраќа. Јас сум мајка. Ако нема правда, јас ќе пресудам,“ порача таа.

— реклама —

Хаџибулиќ вели дека трагедијата се случила на 9 мај, кога нејзиниот син паднал во кома. По 12 дена, на 21 мај, семејството го погребало, но, според неа, случајот не добил никакво внимание од надлежните институции.

— реклама —

„За сите дигнавте фама, а што сум јас? Сè ќе дадам за мојот син единец, тој што шета слободен. За Фросина и Југослав дигнавте сè на нозе, јас цело Скопје ќе го дигнам,“ додаде таа.

Во својата порака мајката нагласува дека има доверба во медиумите, но и дека ова е „последен пат“ кога им се обраќа: „Јас правда ќе превземам, пошто сите ќутат. Немам што да изгубам, го изгубив најмилото.“

Апелот на Слаѓа Хаџибулиќ беше објавен од 4NEWS.mk, откаде ја пренесоа нејзината порака.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања