Мајка од Источна Македонија ја принудувала малолетната ќерка на проституција за сума од 1000 до 1500 денари. Според неофицијални информации од истрагата 14 годишното девојче 3 години било жртва на сексуална злоупотреба. Истражните органи проверуваат дали детето било дел од меѓународен ланец на проституција и дали е продавано надвор од државата. Не можејќи да го издржи пеколот низ кој поминувало девојчето неодамна само пријавило во полиција, објави Сител.мк
Малолетничката во исказот се пожалила дека мајка и и нејзини познаници на кои им должела пари ја принудувале да има и по 3 до 4 клиненти дневно во хотели на Истокот од државата.
Од МВР официјално потврдија дека работат на случајот. И Јавното обвинителство е запознаено со злоупотребата на девојчето, но засега го немаат добиено предметот со кривичната пријава од полицијата.
Текстот во целост на: Сител.мк