Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мајка тврди дека нејзиниот 17-годишен син со аутизам бил врзуван и малтретиран во психијатриската болница Демир Хисар, оттаму велат дека бил „лекуван според протоколи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
9931o-12

Потресното сведоштво на мајката на 17-годишниот Анес, кое е момче со аутизам, за неговиот третман за време на престојот во Психијатриската болница во Демир Хисар денеска ја потресе јавноста и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, објавува ТВ Телма.

Таа тврди дека додека нејзиниот син бил лекуван во Психијатриската болница во Демир Хисар имал нехуман третман, за што сведочат, како што вели таа, раните на рацете и гребаниците и модриците по телото од синџирите со кои тој бил врзуван.

По пет недели минати во Демир Хисар, од болницата Анес го враќаат дома.

„Кога дојде дома, сакав да го искапам и видов дека целиот е во рани, го држеле врзан со синџири. Како се осмелиле да му го направат тоа на дете“, изјави Салка Абдуловска.

Таа вели дека е шокирана од третманот на едно дете во здравствена установа.

Семејството, кое е социјално загрозено, целиот живот го посвети да создаде подобри услови за момчето.

— реклама —

Од Дебар се преселиле во Битола за Анес да се школува, како што вели мајката, таа работи за да го прехрани семејството, а таткото, кој има поголем авторитет кај аутистичното дете, ја напуштил работата за да се грижи за него.

Таа додава дека имало голем напредок кај Анес сè до пред извесно време кога станал агресивен. Родителите сметаат дека државата е таа која треба да обезбеди соодветни услови за овие деца.

— реклама —

И Народниот правобранител во својот извештај неодамна потврди дека во Психијатриската болница во Демир Хисар има опрема за врзување на пациентите, односно затекнати биле метални синџири со катанци, ремени и кабли и ја потенцира забраната за тортура на пациентите.

Од Психијатриската болница „Демир Хисар“ одговорија дека лекувањето е согласно медицина базирана на докази и дека во одредени ситуации е неопходно физичко ограничување на пациентите.

И за министерот Меџити нема ништо спорно во овие методи и вели дека се дел од протоколите за да им се даде терапија на пациентите.

— реклама —

„Зборував со директорката, детето е лекувано според сите протоколи. Такви деца можат да бидат агресивни, затоа според протоколите на експертите од психијатрија во таков случај може да се врзува за одредено време, за добивање терапија“, вели Меџити.

Откако Салка Абдуловска ја раскажа приказната за нејзиниот 17-годишен син, кое е дете со аутизам, на социјалните мрежи се појавија бурни реакции од јавноста и родителите кои ја делат судбината со ова семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања