„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Мајката ја барала ќерката повеќе од една година, а потоа се појавила фотографија на Инстаграм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
corinna-slusser-is-missing-from-ny-sep-2017-620x350

Сабина Туорто уште од септември 2017 година не знае каде е незината ќерка Корина Сласер (20) за која верува дека е жртва на трговија со бело робје. Корина исчезнала во 2017 година во Њујорк и оттогаш нема комуникација со семејството.

— реклама —

Неодамна на Инстаграм се појавила фотографија од маж кој е обвинет за сексуална трговија со луѓе, кој е заедно со две девојки. Една од нив личи на Корина. На сликата изгледа малку поинаку бидејќи има потемна боја на косата и е многу послаба.

https://www.facebook.com/missingcorinnaslusser/posts/326393104845092

— реклама —

Мајката смета дека тие ја натерале таа да го промени изгледот со цел ни најблиските членови на семејството да не можат да ја препознаат.

„Јас сум нејзина мајка. Знам како таа изгледа и можам да ја препознаам. Ја облекле поинаку и и го промениле изгледот. Тоа не е нејзин стил на облекување, секогаш внимаваше на нејзината коса и шминка“, вели Сабина.

Минатиот месец ФБИ го уапси Ишиј Вониј, момчето од фотографијата за кој има сомнение дека преку интернет нудел сексуални услуги „посебна ноќ со две девојки“.

„Да може сигурно би ми се јавила. Некој ја контролира. Не знам што и направиле, дали ја дрогирале или е психички нестабилна. Само знам дека не е своја“, вели нејзината мајка.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања