„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мајката на Ивона од Кочани со порака: „Дишам… а не живеам, ми ја убија ќерката, ми го украдоа светот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
stojka

Пет месеци по пожарот во дискотеката во Кочани, во кој животот го загубија 62 млади луѓе, мајката на Ивона Антова повторно ја сподели својата болка. Во емотивна порака објавена на социјалните мрежи, Стојка Антова пишува за изгубените соништа и планови на младите, за празнината што останала зад нив и за секојдневната борба на родителите кои чекорат низ живот исполнет со тага и неправда.

— реклама —

„Ивона 16.03.2025 – Ден кога замре младоста, објави 4NEWS.mk

Тргнавте на концерт со насмевки и соништа во очите, со планови за утре. Но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките.

— реклама —

Останаа 62 празни места, 62 тивки гласови, 62 незавршени животи.

Наместо песна – тишина.

Наместо радост – црнина.

Наместо живот – вечен спомен.

Ние, родителите, останавме со празни раце. Чекориме низ свет што веќе нема боја, влегуваме во домови во кои вие никогаш повеќе нема да влезете. Слушаме само ехо на чекори, сонуваме за прегратка што никогаш нема да ја почувствуваме.

Нашите срца се скршени, душите осиромашени, а болката е вечна како и љубовта кон вас. Секој ден е борба да дишеме, а не да живееме, затоа што животот без вас е празна сенка.

А моето единствено Ивонче… мојата радост, мојата гордост, мојата светлина – ја украдоа пред време.

Нема збор што ја опишува празнината, нема сила што ја лечи оваа рана. Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана – а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари.

Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца. Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат. Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа, во секое утро без боја и секоја ноќ без мир. Не ве забораваме. Не можеме, ниту сакаме. Вие сте нашето „засекогаш“, напиша Стојка Антова, мајката на единствената ќеркичка Ивона Антова.

Стојка е редовен учесник на Маршот на ангелите за правда за жртвите. Пред една недела, таа сподели албум со фотографии од Ивона и напиша:

„Пет месеци како дишам… а не живеам, душата ми е мртва. Дишам… но секој здив ми е отров од неправда. Ми ја убија ќерката, ми го убија срцето, ми го украдоа светот. Нема утро без болка, нема ноќ без солзи. Секое утро ме потсетува на вашето зло, секој мрак ме гуши од празнината што ја оставивте. Пет месеци како моето срце куца, но е празно, студено и осамено. Без тебе, моја Ивонче, секое утро е темно, а секоја ноќ е бескрајна.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања