„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мајката на убиецот на бугарската новинарка: Бил дрогиран и пијан, тој призна сè

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
1642399_pjimage_ls

Осомниченот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал убиството пред неговата мајка. Тој тврдел дека бил многу пијан и дрогиран кога ја нападнал Маринова, која  брутално ја тепал и силувал пред да ја задави.

— реклама —

Медиумите од регионот ја пренесуваат изјавата на мајката на 20-годишниот Бугарин, Северин Красимиров  кој беше уапсен во Германија, дека  нејзиниот син ја признал вината.

„Tој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран. Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа", изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.

— реклама —

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.

https://www.facebook.com/175193672537515/photos/a.175920735798142/2021916801198517/?type=3

Триесетгодишната Маринова, водителка на емисија за регионални случувања на локална телевизија, беше пронајдена во саботата во паркот во близина на пристаништето во Русе.

Ys9Mo2hFH5E

„Собравме неколку докази кои упатуваат дека тој е главниот виновник. Красимиров е обвинет во отсуство за две злосторства – силување и убиство со умисла“, изјави државниот обвинител Сотир Цацаров.

Убиството на Маринова ја дигна на нозе цела Бугарија која бара убиецот да биде веднаш казнет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања