Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мајкрософт објави итна исправка за проблемите со гаснењето на Windows 11

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Мајкрософт објави итна исправка откако последното безбедносно ажурирање за Windows 11 предизвика сериозни проблеми кај дел од корисниците, поради кои компјутерите не можеа правилно да се исклучат или да преминат во состојба на мирување.

Проблемот се појавил по инсталацијата на јануарскиот безбедносен пакет, кога корисниците пријавиле дека уредите, наместо да се исклучат, повторно се рестартираат или остануваат вклучени. Според соопштението на компанијата, грешката најмногу ги погодила уредите со изданијата Windows 11 Enterprise и Windows 11 IoT, особено оние кај кои е активирана безбедносната функција Secure Launch.

— реклама —

Покрај тоа, кај дел од корисниците биле забележани и проблеми со поврзувањето преку Remote Desktop, при што доаѓало до потешкотии со проверката на идентитетот и далечинското најавување на системот.

— реклама —

Мајкрософт го потврди постоењето на пропустот и реагираше со објавување таканаречено „out-of-band“ ажурирање. Новата исправка ги решава проблемите поврзани со исклучувањето, хибернацијата и далечинскиот пристап, а на корисниците им се препорачува да ја инсталираат што е можно побрзо.

— реклама —

Од компанијата наведуваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата и упатуваат апел до системските администратори и деловните корисници редовно да го проверуваат статусот на ажурирањата, со цел да се избегнат дополнителни технички потешкотии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvnv6ekvhjklg2BTlH48

Мајкрософт откри нов вирус: Прво шпионира, а потоа ги уништува компјутерите

Свет | пред 3 дена

microsoft

Нов бран отпуштања: „Мајкрософт“ укинува 4.800 работни места

Свет | пред 1 седмица

media-librarytallh42oq402fzo7lcs

Мајкрософт тестира нови опции за Windows 11: Поголема контрола врз Start менито

Магазин | пред 1 месец

Windows-11-copilot

Мајкрософт предупредува: Не се потпирајте на „Копајлот“

Магазин | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања