ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Македонец казнет оти вчера бил на блокади: Добро бре, како не ви е срам? Ова се бедни обиди за заплашување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
Radovis-Strumica

Еден од граѓаните кои вчера присуствувал на блокадата на патот Струмица Радовиш, доби казна. Тој вели дека ова се бедни обиди за заплашување

— реклама —

„ЕФЕКТИВНА, ЕКСПЕДИТИВНА И ЕКСПРЕСНА АДМИНИСТРАЦИЈА

— реклама —

Е ова е за пофалба!

— реклама —

Денес, околу 10 часот, во дворот, ме посетија неколку службеници на МВР - Струмица (полицајци во униформа, со паркирано возило на патот пред влезот на дворот, како да сум криминалец!), со цел да ми врачат казнени „честитки“. За волја на вистината, беа коректни, па на моето прашање зошто се тука, учтиво ми објаснија дека мојот автомобил незаконски бил паркиран на вчерашната протест-блокада на магистралниот пат Струмица – Радовиш (кај Василево), и поради тоа треба да платам казна во висина од 50 евра. И плус казна за моето лично присуство на блокадата, исто околу 50 евра. И, се разбира, дека ако платам во рок од 8 дена или веднаш, казната ќе биде на половина. Иако тоа, принципно, немаше да ја промени мојата одлука да бидам таму, никој од стотината полицајци што беа таму, не кажа дека тоа што се случува е противзаконски и дека за тоа следуваат казни.

Затекнат и збунет, не примив никаков документ, без претходно да се консултирам.

Не можев да поверувам дека нешто во „нашата земја“ може да функционира толку бргу и ефективно. Конечно ред и правда! Каква среќа! Уште повеќе се израдував кога слушнав дека не сум сам и дека сите кои биле на протестот добивале вакви „честитки“. Само, длабоко се разочарав кога сфатив дека само јас и мојот автомобил сме казнети. Каква неправда е што и моите две малолетни деца, не добија казна, а и тие беа таму!

Добро, бре, како не ви е срам?! Така ли мислите дека ќе го спречите автентичниот бунт што гори кај секој Македонец кој сака да го одбрани последното нешто што воопшто може да се одбрани од расипаните игри на т.н. европјани? Гнасната политичка игра што се одвива во нашите високи политички ешалони, играњето по европски ноти, виткањето грб пред асимилирачката политика на соседните држави, губењето на: името, идентитетот, јазикот, самопределувањето, историјата, традицијата, се нешта што со години вријат во секој Македонец и човек што држи до своето!

Овие бедни обиди за заплашување нема да ме спречат да го кажувам и понатаму своето мислење и да протестирам против себеуништувачките политики на високите политички врвови (наши и странски) и нивните антимакедонски дејствија! Напротив, така само потврдувате дека сум/сме во право и дека против ова зло треба да застанеме уште порешително!

Отпорот продолжува!

Да живее Македонија и се’ што не’ прави Македонци!“, вели тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања