Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Македонец на седумдесет и тригодишна возраст е во кома откако вчера му се слошило по примена вакцина против ковид-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vakcina

Македонец на седумдесет и тригодишна возраст е во кома откако вчера му се слошило по примена вакцина против ковид-19 во салата „Чаир“ во Ниш, Србија, потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, пренесе српскиот медиум „Јужне вести“.

Во текот на вчерашниот ден, на мажот му се слошило по што бил хоспитализиран. Перишиќ вели дека не е позната причината зошто му се влошила состојбата на пациентот, но вели дека тоа не е поради срцеви проблеми.

— реклама —

„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“, вели Перишиќ.

— реклама —

Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.

— реклама —

извор: „Јужне вести“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања