Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонец осомничен за силување на Британка во Дубровник: таму живее со семејството, го сомничат дека делото го направил во хотелот каде работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library17k1l8r2vbf11i06obd

Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.

— реклама —

Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиуми

Според информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.

— реклама —

Одбраната на осомничениот, кој е вработен во хотелот каде што се случил настанот, поднела жалба, наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој е професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.

— реклама —

Сепак, Судот веќе оцени дека жалбата е неоснована, потврдувајќи го решението за притвор. Во образложението се наведува дека постојат доволно елементи кои укажуваат на сериозно основано сомнение дека 37-годишниот Македонец го извршил делото, како и реална опасност тој да побегне или да влијае врз сведоци ако биде пуштен на слобода.

Судот исто така нагласува дека во текот на истражната постапка треба да биде сослушан сведокот кој бил во друштво на осомничениот, жртвата и нејзината пријателка во спорната вечер.

Според Кривичниот закон на Република Хрватска, за силување без согласност на жртвата е предвидена затворска казна од три до осум години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 1 седмица

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 1 седмица

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања