Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Македонецот кој загина во Кран-Монтана бил во барот со својата сестра, таа излегла на воздух за момент и се спасила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4
Скопје1.мк

Шеснаесетгодишниот Стивен Ивановски, по потекло од делчевскиот регион, кој трагично го загуби животот во пожар во бар во Швајцарија за време на новогодишната ноќ, вчера беше погребан. Последното збогување се одржа на гробиштата во Орон-ла-Вил, соопшти македонското друштво „Пианец“.

— реклама —

Стивен Ивановски имаше само 16 години. Како и многу други млади, тој замина во Кран-Монтана со својата постара сестра за да го прослави дочекот на Новата година — момент на радост, безгрижност и надеж. Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила. Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство. Отсуство што ќе остави огромна и неизбришлива празнина, објавија од Пианец.

„Стивен имаше само 16 години. Зад себе остави семејство скршено од болка, засекогаш обележано од оваа брутална и неразбирлива загуба. Живот прекинат премногу рано и празнина што никогаш нема да се пополни“, наведуваат од „Пианец“.

Со цел да му се помогне на семејството во овие тешки моменти, отворена е и сметка за донации. Хуманитарната акција има за цел покривање на погребните трошоци и обезбедување финансиска поддршка за семејството, кое покрај длабоката тага се соочува и со дополнителни материјални грижи. Од друштвото изразуваат благодарност до сите кои веќе донирале и истакнуваат дека секој, дури и најскромен гест, значи многу за најблиските на Стивен.

— реклама —

Во пожарот што избувна во барот за време на новогодишниот дочек, животот го загубија над 40 млади лица, а повеќе од 100 беа повредени. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехника – фонтани-прскалки, кои го запалиле плафонот, по што огнот брзо се проширил низ објектот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

(Видео) „Постојано ги гледам лицата на мртвите“ – сведоштво на единствената вработена што преживеа пожар во Кран-Монтана

Свет | пред 3 дена

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Швајцарски суд го продолжи притворот на сопственикот на барот во кој загинаа 40 лица

Свет | пред 1 седмица

media-librarykb90cqurm0598pu5ZJX

Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека излезните врати биле заклучени одвнатре - нови детали за трагедијата во Швајцарија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryttoqrmutntte89lHvfw

(Видео) Кочани со тишина и 40 бели балони им оддаде почит на жртвите од Кран-Монтана

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања