Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Македонија 90-та во светот според подготвеноста да одговори на епидемија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-2

Северна Македонија е рангирана на 90-то место од 195 држави во светот според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии.

Од земјите во регионот Хрватска е на 38. место, Албанија – 39, Србија-41, Бугарија – 61, Црна Гора – 68 и БиХ на 79. место.

Најподготвени здравствени системи за справување со епидемии и пандемии имаат САД, Канада, Австралија, Тајланд, Франција, Велика Британија, Шведска, Финска, Данска, Швајцарија, Холандија и Словенија, пренесува БГНЕС.

— реклама —

Најлоши здравствени системи имаат Јемен, Северна Кореја, Сирија, Сомалија и Екваторијална Гвинеја.

Глобалниот индекс на здравствена сигурност се изготвува врз основа на шест критериуми: превенција, рана детекција и известување, брз одговор, здравствен систем, усогласеност со меѓународните норми и ризичното опкружување.

фото: Архива

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања