„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонија бележи туристички бум - ова се топ пет земји од каде доаѓаат најмногу туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-6010PM

Македонија бележи значаен пораст на странски туристи – дури 21,6% во првата половина од 2025 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци од Министерството за култура и туризам. Според проценките, ако ваквиот тренд продолжи, до крајот на годината се очекуваат околу 1,5 милиони странски посетители, што би можело да генерира приходи до 500 милиони евра.

— реклама —

Зголемениот интерес за земјава, велат од Министерството, е резултат на засилената меѓународна промоција, развојот на туристичката инфраструктура и понудата што нуди автентично доживување на македонската култура, природа и гастрономија. Туризмот расте и надвор од пик-сезоната, што укажува на успешна диверзификација.

Најмногу туристи пристигнуваат од Турција, Србија, Германија, Грција и Хрватска, со стабилен интерес и од САД, Холандија и Италија.

— реклама —

За да се одговори на зголемениот интерес и да се подобри ефикасноста на туризмот, Владата започна институционални реформи. Со законски измени испратени до Собранието, се предвидува укинување на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, основана во 2013 година, а нејзините надлежности преминуваат на Министерството за култура и туризам.

Министерството ќе го координира системот на субвенции за организиран странски туризам, ќе формира советодавен Совет за промоција и ќе го преземе целиот капацитет, архиви и вработени од Агенцијата. Целта е централизирана и поефикасна промоција, како и подобро управување со средствата, откако ревизорски извештаи утврдија сериозни слабости во досегашното работење.

Надлежните порачуваат дека земјава е на добар пат да се позиционира како водечка туристичка дестинација во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања