Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Македонија без гаранции од ЕУ нема да спроведе уставни измени“, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library0aeln5ckp3np1DilfaL

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека Македонија нема да спроведе уставни измени без јасни и писмени гаранции од Европската Унија, обвинувајќи ги СДСМ и нивните поранешни политики за отстапки без конкретен резултат во евроинтегративниот процес.

— реклама —

На прес-конференција, Манасиевски оцени дека државата веќе платила висока цена со промената на уставното име и порача дека актуелната Влада нема да прифаќа нови условувања без претходно обезбедени гаранции.

„Овој пат уставни измени без јасни, цврсти и писмени гаранции во форма на заклучоци од ЕУ – нема да има“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој нагласи дека, според ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија нема повторно да прави отстапки без сигурност дека тие ќе значат реален напредок во процесот на пристапување кон Европската Унија.

— реклама —

Во обраќањето упати критики и кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, наведувајќи дека треба да пренесе до бугарските власти дека Македонија очекува исполнување на обврските, вклучително и почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Додека не видиме испорака од нивна страна, Македонија нема да се помести ниту милиметар од својата политика“, порача Манасиевски.

— реклама —

Тој додаде дека Владата останува посветена на европската интеграција, но без прифаќање на нови условувања што не се проследени со конкретни гаранции и заштита на националните интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library88us3ia4sfj3551qHrH

(Видео) Манасиевски: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4v41q12taiqb6zc7UQx

(Видео) Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryai51mq2hl15b0Wo5OY9

(Видео) „Прво паднаа Филипче и Заев, па потоа Вучиќ, а на приватни забави им пее истиот пејач“, вели Манасиевски

Македонија | пред 2 седмици

media-library6tlq4h51c3iraa3I2Nk

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања