Промени тема
Контакт

“Македонија-Блокира„ денес на блокади во 40 општини низ Македoнија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„„Македонија-Блокира“ согласно утврдените активности за блокади и протести и во внатрешноста на земјата, денес, сабота, ќе блокира и протестира против уставните измени во 40 општини низ Македонија во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Блокадите се уредно најавени во МВР.

„Македонија- Блокира„ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише се што е македонско.

— реклама —
— реклама —

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид - Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија-Блокира“ продолжуваат до финалната одлука - или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи.

— реклама —

Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи“, се вели во соопштението на „Македонија Блокира“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања