Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Fotografija-1

СООПШТЕНИЈА„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕОбјавено пред 19 минути - 28 ноември, 2018Од Макфакс

„Македонија блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската влада, стои во соопштението на Единствена Македонија.

— реклама —

„Во овој момент мора да се тргнат настрана теснопартиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите, што подразбира на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес. Ова зло што ѝ се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши сè што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат и затоа во периодот што следи треба единствени и сплотени да се бориме против уставните промени со кои се брише сè што е македонско, а по на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата, сите ќе нè затрупа во неа“, стои во соопштението на Единствена Македонија.

Од партијата во соопштението додаваат дека сега е потребно обединување, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.

— реклама —

„Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени да се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да ги одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се наведува во соопштението на Единствена Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања