„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

“Македонија-Блокира“: МИА троши милиони евра народни пари, а го лаже народот со невистини информации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонската информативна агенција (МИА) која се финансира со буџетски пари од даночните обврзници срамно го навреди народот со ставањето на своите капацитети во функција на марионетската власт во Скопје која сака да избрише се што е македонско, велат од „Македонија-Блокира“.

— реклама —

„МИА го допре дното, МИА падна на најниско ниво со лажни информации за вчерашната блокада на патот Кичево - Охрид кај Другово и блокадата на централниот булевар во Кичево, дотолку повеќе, информацијата на МИА беше преземена од повеќе медиуми во Македонија.

МИА информираше за организирано веење руски знамиња на протестите иако такво нешто немаше. Инаку, за нас, веењето руски знамиња не е спорно, но, поводот за секојдневните блокади не е од таков карактер, а се разбира, по повод други соодветни настани со задоволство ќе вееме и руски знамиња. Патем, останува прашањето зошто од МИА нема ниту збор за антимакедонската слика во Кичево и околината кои се преплавени со албански знамиња.

— реклама —

Сето ова МИА го прави со манипулативната фотографија од пред започнување на настанот инфромирајќи дека имало десетина протестанти иако Булеварот во Кичево беше блокиран, не со 10, туку од повеќе од 500 протестанти.

Патем, кога сме кај посетеноста да им ја освежиме селективната меморија на полтроните од МИА дека токму нивниот газда Зоран Заев сеуште го држи светскиот рекорд во посетеност кога на т.н. НАТО-журка во Охрид организирана од СДСМ имаше само еден посетител“, се наведува во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања