„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mkd-eu-makedonija-eu-nato

Процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија е во интерес на сите граѓани, со максимално искористување на фондовите на ЕУ се обезбедуваат конкретни придобивки за народот, забрзан процес на реформи, кои се неопходни за напредување кон членство во Унијата, вели СДСМ

— реклама —

„Европската унија на крајот на јули годинава ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, а Македонија доби поддршка за четири инвестициски проекти во износ од 225,6 милиони евра.

Одобрени се средства за проектот за изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија, за кој е доделен грант во износ од 149.2 милиони евра.

— реклама —

За проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 – Фотоволтаична станица, е доделен грант од 1.6 милиони евра, додека грант од пет милиони евра доби проектот за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола – Фотоволтаична централа

За проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје од ЕУ е доделен грант во висина од 69.8 милиони евра.

Ова се проекти во интерес на сите граѓани, за унапредување на инфраструктурата и забрзан развој на државата.

Откако, по 17 години чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, континуираната и зголемената помош која Европската Унија ќе ја обезбеди во наредниот период, ќе овозможи македонските граѓани и економија да добијат конкретна и реална поддршка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања