„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Македонија е грчка“ - низа протести во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
grcija

Демонстрантите кои се против ратификација на договорот од Преспа со грчки знамиња в рацете и транспаренти дека „Македонија е грчка“ се собраа на повеќе локации низ Атина.

— реклама —

Демонстранти има и пред грчкиот парламент каде во моментов тече вториот ден од дебата за ратификацијата на договорот со Македонија за промена на името во Република Северна Македонија.

Протестите де организирани од различни организации и движења, но како главен протест граѓаните го сметаат оној пред парламентот кој е организиран од така наречениот „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Протестите засега се мирни, но како што пренесуваат грчките медиуми,  бидејќи тие во изминатите неколку дена беа насилни,  не се исклучува можноста истите сценарија да се повторат и денеска или пак во текот  на ноќта.

— реклама —

Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на протестoт.

Дебатата во грчкиот парламент требаше да заврши денеска и доцна вечерва да се одржи и гласањето за договорот, но поради големиот број на пратеници пријавени за збор, гласањето беше одложено за утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања