Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Македонија е на дното според индексот за перцепција на корупција и е во друштво со Суринам, Индија и Тунис, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro-1

Криминалот на Димитар Ковачевски и Али Ахмети и високите владини функционери од Македонија направија најкорумпирана држава, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Македонија е на дното според индексот за перцепција на корупција на Транспаренси интернешенл и е во друштво со Суринам, Индија и Тунис.

— реклама —

Криминалот е присутен во секоја пора од општеството, според Транспаренси Интернешенл од 180 земји, Македонија се наоѓа на 85-то место со 40 поени на скалата на која 0 означува најкорумпирана.

— реклама —

Речиси секој ден излегуваат нови афери и докази за коруптивни скандали на владата на СДС и ДУИ. Извештајот покажува дека нема никаков резултат, а борба со корупцијата има само на хартија.

Владините институции за борба против корупцијата не даваат резултат и не успеваат да ја запрат корупцијата.

— реклама —

Напротив, високи владини претставници се директно вмешани во најголемите коруптивни скандали, сопругата на Ковачевски, синовите и родителите на министри се во милионски бизниси за производство на струја, високи владини функционери се вмешани во корупција со испумпување на народни пари, милионски тендери во четири очи, поставување на париски судии и обвинители се само дел од причините зошто Македонија е најкорумпирана држава.

— реклама —

Македонија ја има најкорумпираната влада. Секогаш кога СДС е на власта криминалот царува, а државата тоне.

Потребни се предвремени парламентарни избори и нова влада која ќе спроведе нови суштински реформи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања