Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Македонија e на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
inflacija

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За месец јули измерената инфлација во Македонија е 16%. Четврта највисока годишна инфлација во Европа е успехот на оваа криминална власт предводена од Димитар Ковачевски.

— реклама —

Наместо мерки за справување со кризата за бизнисите во државата, СДСМ и ДУИ воведуваат нови даноци. Наместо помош за граѓаните и ранливите категории за справување со кризите во Македонија, криминалците од СДСМ и ДУИ секој ги пљачкаат граѓните со повисоките акцизи и даноци.

Македонија веќе одамна го проби плафонот со долгот на државата од над 60%.

— реклама —

Додека граѓаните не знаат како да го преживеат месецот, криминалците од СДСМ и ДУИ крадат преку наместени тендери, сомнителни зделки и криминал во секоја институција предводена од оваа неспособна власт.

— реклама —

Од осамостојувањето на државата, оваа година имаме највисока стапка на инфлација и најдлабока рецесија во историјата на Македонија.

За пример, како граѓаните на свој грб ја чувстуваат инфлацијата од 16%, говори фактот што претходно за одредени продукти купени за 840 денари, денес граѓаните за истите продукти ќе платат 1000 денари. Граѓаните изгубиле 160 денари.

— реклама —

Но според експертите инфлацијата во Македонија, мерена врз основа на основните прехрабени продукти е многу поголема во државата.

Единствен излез од оваа криза е пораз и заминување на оваа неспособна власт. За тоа се потребни брзи предвремени избори и декласирање од страна на граѓаните на оваа најнеспособна и најнеуспешна власт предводена од СДСМ“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања