Македонија „елдорадо“ за „трговија“ со аудио снимки – дали обвинителството истражува случаи ?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Дали по процесот низ кој помина општеството со објавувањето на прислушкувани разговори од политичкиот врв во времето на ВМРО ДПМНЕ, Македонија влегува во т.н. пост бомбашки период кога во медиумите скоро секој ден се појавуваат разни снимени разговори во кои се слушаат познати гласови, а за некои објавени содржини дури не е јасно ни зошто се објавуваат бидејќи се од приватна природа и во нив нема никаков јавен интерес, објави politika.com.mk. 

— реклама —

Деновиве еден адвокат кој на јавноста и е познат од судски процес за еден голем финансиско-правен скандал започнал преговори поврзани со својот клиент и неговата иднина со една партија ? Таму тој доставил нелегално снимени разговори на обвинет во познат случај и сопственик на една приватна компанија за вода кој снимил разговори со обвинетиот пред да биде уапсен. Не е јасно од двајцата кој прв ги доставил снимките, адвокатот или бизнисменот ? Во снимките се слушаат нивни приватни разговори. Неофицијално со овој случај запознаени се и институциите кои го следат и ќе го истражуваат случајот.

Официјално до за овие појави обвинителството нема покренато обвиненија и никој не истражуваше од каде излегуваат снимките, но на последната прес конференција ВМРО ДПМНЕ ја смени реториката и почна да користи термин „нелегално стекнати аудио материјали кои укажуваат дека во Македонија се прислушкуваат телефони и простории“ што пак значи дека политичарите најверојатно во меѓувреме добиле информации дека некоја од службите прислушкува преку комуникациските оператори или на терен со бубици.

— реклама —

Дали по ова ќе се произнесе и обвинителството и другите институции и ќе поведат истраги во врска со трансферите и нудењето аудио материјали на партиите и други центри на моќ останува да се види во периодот пред нас.

извор: politika.com.mk. 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања