Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани.

 

Денот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

 

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

 

По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за 2023 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

— реклама —

 

За остварување во областа на науката и образованието, наградата ќе им се додели на тимот за трансплантација на црн дроб: проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова-Мијовска; и на универзитетскиот проф. д-р Африм Османи.

 

За остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе им се додели на: проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.

— реклама —

 

Собраниска делегација, во состав Дарко Каевски и Велика Стојкова-Серафимовска, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

 

Владина делегација составена од Роберт Алаѓозоски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Драган Василевски, советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Македонија, ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

— реклама —

 

Во организација на Патриотскиот институт „Гоце Делчев“ на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи настан по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, насловен „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“.

 

На настанот свое обраќање ќе имаат Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт „Гоце Делчев” на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања