„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Министерите за земјоделство на Македонија и Албанија денеска во Струга потпишаа Спогодба за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно унапредување на напорите за интеграција во ЕУ.

— реклама —

Оваа Спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји.

„ Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите со рибна фауна, па тоа наметнува и повеќе предизвици за надлежните органи. Нашата цел е да се создаде усогласена институционална поставеност и пристап за соработка за овие езера. Би сакал да истакнам дека оваа Спогодба обезбедува основа за создавање на ново билатерално тело – Заеднички Комитет за риболов на Охридското и Преспанското Езеро. Овој Комитет ќе ја развие прекуграничната соработка во областа на риболовот и ќе изготви препораки за насочување на двете Страни кон усогласување на нивните регулативи за риболов и управување со риболовот“ изјави министерот Хоџа.

— реклама —

Поддршката за оваа активност е обезбедена од регионалниот проект на Германската интернационална соработка (ГИЗ) „Зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и неговиот консултантски партнер Институтот за слатководно рибарство Потсдам-Сакров (IfB).

„ Фауната нема ни пасош ни граница. Од денеска се надевам дека фауната ќе се третира како една целина. Оваа година ние го порибивме езерото со 1,6 милиони единки од пастрмка, тие не се дел само од нашето езеро, туку се на целото Охридско Езеро и затоа сакаме да имаме една визија и една цел и да придонесеме во иднина да имаме повеќе риби во целото езеро“ изјави министерот Чучи.

Неодамна, министерот Хоџа ја посети Република Албанија при што беше потпишан Договор за фитосанитарна соработка со што се постигна, Фитосанитарните Сертификати помеѓу нашите држави да бидат билатерално признати за слободна трговска размена на земјоделските производи. Со тоа се создаде потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи за двете држави. Ова претставува понатамошен чекор кон стратешката иницијатива на Балканскиот Шенген за развој на нашиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања