„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Македонија и Косово заедно ќе работат на развој на дигитализацијата во двете земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mancevski

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за иновации и претприемништво на Р. Косово, Бесим Бечај денеска оствари ја работна средба на којшто разговараа за идните заеднички активности од областа на развојот на информатичкото општество, иновациите и претприемништвото.

— реклама —

„Темите за коишто разговаравме се унапредување на нашата регионална соработка пред се во делот на конкретните аспекти коишто ќе влијаат на животот на граѓаните. Она што сите го знаете е дека имаме сериозен напредок и конкретен план за укинување на цените за роаминг помеѓу граѓаните од земјите на Западен Балкан, но и кон Европската Унија заклучно со 2021 година.

Вториот проект за којшто разговаравме е нашиот предлог во Скопје да се формира регионален центар за обуки за сајбер безбедност  за сите вработени во јавните институции од земји од Западен Балкан, за што имаме целосна поддршка од нашите пријатели од Косово“, информираше министерот Манчевски.

— реклама —

Како што истакна тој МИОА ја прифаќа иницијатива на министерот Бечај за формирање на регионален облак (cloude) за земјите Северна Македонија, Косово и Албанија каде ќе може да се врши истражување и развој и еден вид соработка меѓу научно технолошките центри и паркови на регионално ниво.

Министерот Бечај информираше за последната средба со Еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, каде се разговарало за отворените европски фондови кои регионално Северна Македонија и Косово можат да ги искористат.

„Со комесарката Габриел разговаравме за дигиталните вештини, за облакот за регионални истражувања и развој, како и за многу други области од нашиот интерес, се стремиме кон добивање европски фондови и се надевам дека во таа насока ќе можеме да оствариме понатамошна соработка со министерот на Р. Македонија. Исто така, сакам уште еднаш да изразам поддршка за проектите коишто се во план, вклучително и за регионалниот центар за сајбер безбедност“, рече министерот Бечај.

На работниот состанок се зборуваше и за можната соработка во полето на развој на паметни градови. Двете држави можат заедно да формираат добар пазар за развој на дигитални вештини, подигнување на компетитивноста и искористување на човечките ресурси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања