Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_1458

Денес во склоп на три дневната официјална посета на Романија, министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, оствари средба со министерката за Романците во странство, Наталиа Елена Интотеро.

— реклама —

Главна цел на разговорите беше воспоставување на плодна соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертските групи, во реализацијата на добрите практики во оваа област во земјите на ЕУ и земјите од нашиот регион.

— реклама —

— реклама —

Министерката Интотеро информираше дека на 18 март 2019 година, за времето на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западниот Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја.

Се предложи иницијатива за потпишување на Меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората.

Министерот Адеми информираше за преземените активностите на Владата на Република Македонија околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија.

Во рамките на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората беше договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.

Меѓу другото, за време на престојот во Букурешт, министерот Адеми оствари средби и со други асоцијации на Македонците и Албанците по потекло од Република Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања