Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Македонија изгубила 509 лекари за една година – 70% од пациентите завршуваат во Клиничкиот центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Според најновите податоци од Регистарот на лиценци на Лекарската комора, Македонија годинава има 509 лекари помалку во однос на лани, откри министерот за здравство Азир Алиу во интервју за Радио Слободна Европа.

Алиу истакна дека Министерството за здравство изработило Национална стратегија за потребните медицински кадри, но и дека се работи на дисперзија на здравствените услуги за да се намали концентрацијата на пациенти во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

— реклама —

„За жал, нормално стана секој пациент да заврши на крај во Клинички центар ‘Мајка Тереза’. Дури 70 проценти од пациентите таму ја црпат здравствената услуга, а би требало да ја добиваат на примарно и секундарно ниво,“ рече министерот.

Тој додаде дека со новата организација се очекува да се намали бројот на пациенти во централниот клинички комплекс и да се скрати времето на чекање за прегледи и интервенции.

— реклама —

Во однос на можните кадровски промени, Алиу изјави дека анализата на профилите и процесите е завршена, и дека по неа премиерот ќе треба да одлучи дали ќе следи реконструкција на Владата.

„Јас како министер си терам со работата,“ додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра по неправилно исплатени плати

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-40-6620PM

Специјализантите бараат бараат плати на ниво на доктор по општа медицина во Клинички центар

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања