Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

,,Македонија лидер во Реформската агенда, лагите на Филипче повторно демантирани, добиваме најголема поддршка од цел регион", вели Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarydtlh7p9659ardtX06qp

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Бојан Стојаноски денеска на прес-конференцијата оцени дека Македонија е лидер во спроведувањето на Реформската агенда на Европската Унија, посочувајќи дека државата добила најголема финансиска поддршка во регионот.

— реклама —

На прес-конференција, Стојаноски упати критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ширел, како што рече, неточни информации за состојбата во државата, буџетот, ИПАРД-фондовите и Реформската агенда.

— реклама —

Според Стојаноски, Македонија добила 65,7 милиони евра од Европската Унија, повеќе од Албанија, која добила 49 милиони евра, и Црна Гора со 44,2 милиони евра.

Тој посочи дека средствата се однесуваат на јануарскиот извештај за реформите и дека дел од нив ќе бидат насочени кон подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и за проширување на дигиталната инфраструктура и ИТ-опремата во училиштата.

— реклама —

Од вкупната сума, како што рече, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека остатокот ќе биде достапен за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Стојаноски изрази уверување дека Македонија и во наредниот период ќе остане лидер во исполнувањето на Реформската агенда и дека, според плановите на Владата, веќе во јуни би можело дополнително да се зголеми износот на средствата што државата ќе ги добие од Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања